За време на 24-часовното бдеење, кралски гардист падна пред ковчегот на британската кралица Елизабета Втора додека членовите на јавноста оддаваа почит.
Додека стоеше на само неколку метри од ковчегот на кралицата во Вестминстерската сала, чуварот најпрво се тетерави, но брзо се фати да не падне и се врати на своето место.
Дваесетина секунди подоцна целосно ја изгубил свеста и паднал на земја. На помош пред шокираните граѓани кои се собрале да и оддадат почит на починатата кралица дошле уште неколку чувари.
Емитувањето на бдеењето во Вестминстерската сала набрзо беше прекинато и продолжи само еден час подоцна, пишува Индипендент.
Надлежните се уште не откриваат детали за причината за губењето на свеста или за здравствената состојба на чуварот, а медиумите јавуваат дека брза помош морала да го пренесе во болница на лекување.
(Спутник)