Норвешка го изрази своето незадоволство што Шведска не ја известила веднаш за нејзината истражувачка ракета што се урна во планините на далечниот север на Норвешка.

Ракетата, позната како Тексус-58, е дел од европската програма нарачана од Европската вселенска агенција.

Истражувачка ракета лансирана рано во понеделникот од страна на Sweden Space Corp (SSC) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска не функционираше и слета на 15 километри во соседна Норвешка.

Ракетата достигнала височина од 250 километри каде се вршеле експерименти во нулта гравитација, се наведува во соопштението на агенцијата.

„Падна во планините на надморска височина од 1.000 метри и на 10 километри од најблиската населба“, изјави за Ројтерс Филип Олсон, шеф за комуникации во SSC.

Шведската вселенска корпорација (SSC), која е сопственик и управува со центарот, се извини и потоа додаде дека истрагата е во тек. Но, Норвешка ја критикуваше Шведска поради тоа што официјално не ги информирала.

„Ова е одстапување што го сфаќаме сериозно. Сè уште е рано да се шпекулира за причината и чекаме повеќе информации од тековната истрага“, рече Марко Коберг од вселенскиот центар Есранџ.

SCC соопшти дека норвешките и шведските власти биле контактирани набргу по инцидентот, јавува Би-Би-Си.

„Падот на ваква ракета е многу сериозен инцидент кој може да предизвика сериозна штета. Кога ќе се случи такво прекршување на границата, од клучно значење е одговорните веднаш да ги известат релевантните норвешки власти преку соодветните канали“, се вели во соопштението на норвешкото министерство.

Тие соопштија дека не биле соодветно известено ниту за слетувањето на ракетата, ниту за нејзиното враќањете и дека сериозно ги сфаќа сите неовластени активности во рамките на нејзините граници.

„Кога ќе се случи такво прекршување на границата, од клучно значење е одговорните веднаш да ги известат релевантните норвешки власти преку соодветните канали“, се вели во соопштението.

By Author