ИНДИЈА отпушти тројца офицери на воздухопловните сили затоа што „по грешка испукале“ крстосувчка ракета кон Пакистан на 9 март, што дополнително ги наруши и онака сложените односи меѓу двете земји.
Суперсоничната крстосувачка ракета „Брахмос“, која заеднички ја развија Индија и Русија, прелета околу 120 километри пред да се урне на пакистанска територија.
Пакистанските власти ја предупредија Индија за „можните непријатни последици од таквoто невнимание“.