Американското Министерство за правда денеска објави дека покренало низа правни постапки против лица поврзани со кинеската влада, со тврдење дека ги прекршиле американските закони.
Првиот случај обвини четворица кинески државјани кои, наводно, се обиделе да регрутираат американски професори и други функционери за да работат како агенти за кинеската влада, според веб-страницата на ФБИ.
Во друг случај, седум кинески државјани се обвинети дека ги малтретирале Кинезите кои живеат во САД обидувајќи се да ги вратат назад.
Процесот ќе биде спроведен и против двајца кинески разузнавачи кои наводно се обиделе да ја попречат кривичната постапка во Њујорк со помош на поткуп и шпионажа.
Се додава дека ФБИ ги поддржа истрагите во сите три случаи, како дел од контраразузнавачката работа.
На прес-конференција, директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека иако трите случаи изгледаат неповрзани, „секој од нив покажува дека кинеската влада е подготвена да го прекрши меѓународното право во обид да ги исполни своите авторитарни ставови“.
Во сите три случаи, но и во илјадници други, откривме дека кинеската влада ги загрозува демократските норми и владеењето на правото, додека тие работат на обиди да ја поткопаат американската економска безбедност и основните човекови права, вклучително и правата на Американците – рече Реј.