Твитер е во завршна фаза од преговорите за продажба на милијардерот Илон Маск, потврдија денеска неименувани извори од Блумберг и Њујорк Тајмс.
Неименуван извор, исто така, за Блумберг изјавил дека Твитер работи на дефинирање на условите за трансакцијата и дека може да се постигне договор „денес доколку преговорите се одвиваат без проблеми“.
„Њујорк тајмс“ наведе дека одборот на директори на Твитер преговарал со Маск до раните утрински часови денеска за неговата понуда од 46,5 милијарди долари за купување на компанијата.
„Двете страни разговараа за детали, вклучително и рокови за склучување на каков било потенцијален договор и какви било такси што би биле платени, вклучително и ситуација во која договорот би бил потпишан, а потоа пропаднат“, велат изворите на Њујорк Тајмс.
Според весникот, разговорите уследиле по состанокот на бордот на директори на Твитер во неделата наутро на кој се разговарало за понудата на Маск, а пресвртот, според нивните извори, дошол откако Маск официјално се обврзал да финансира можно преземање на капиталот на Твитер по цена од 54,2 долари по акција.