Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.