Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а седум за користење на мобилен телефон
.
Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.