Со скоро 3.000 нови инфекции со коронавирус, Израел го соборува сопствениот рекорд втор ден по ред во последните три месеци.
Сепак од друга страна, Министерството за здравство информира дека се повеќе се размислува за промена на стратегијата во борбата против инфекцијата и преминување на модел на масовна инфекција за да се стекне имунитет на “стадото”, пишува Тајмс оф Израел.
Во земја која долго време е во првите редови во борбата против инфекцијата, особено во кампањите за вакцинација, бројот на активни случаи се искачи на 17.260, што е двојно повеќе од пред точно една недела.
Неодамнешните тестови покажаа дека сојот омикрон сега е широко распространет и не е ограничен само на случаи на луѓе кои патувале во странство или биле во контакт со нив, што сугерира дека може да има многу повеќе заразени, а останува да се види дали толку многу случаи резултираат со голем број на тешки болести и хоспитализации.
Со оглед на тоа што 88 пациенти се во тешка состојба, многумина беа изненадени од веста објавена на Канал 12 во вторникот дека властите во Министерството за здравство ја разгледуваат опцијата да се префрлат на „моделот на масовна инфекција“, којa е многу сличен на шведскатскиот модел на управување со пандемијата.
Шведска тогаш имаше прилично благи мерки, особено за делот од населението што не припаѓаше на ниту една од ризичните групи, продолжувајќи со нормален живот со цел природно да го стекне имунитетот на стадото.
Шведскиот модел се покажа како неуспех во тоа време, што тие на крајот го признаа со промена на стратегијата, но ширењето на омикрон – многу позаразен вид на делтата, но и поблаг симптом – ги поттикна израелските власти да почнат да размислуваат за промена на пристапите, изјави неименуван извор..
Проценките велат дека за две недели 90 отсто од пациентите ќе се заразат со омикрон, а изјавата на претседателот на израелското здружение на лекари за јавно здравје кажува нешто за натамошната насока на борбата против короната.
„Бидејќи омикрон е толку заразен, се чини залудно да се обидуваме да го спречиме неговото ширење. Нема да го запреме овој бран. Она што можеме и треба да се обидеме да го направиме е да заштитиме што е можно повеќе ранливи групи граѓани“, рече д-р Хагаи Левин.