Израелците вакцинираа повеќе од пет милиони, од вкупно девет милиони жители, и конечно ги донесоа мерките што треба да им овозможат да уживаат како пред пандемијата.
Постојат неколку места во светот каде што луѓето можат да замислат сцени на илјадници луѓе кои уживаат на плажа, се сончаат, пливаат и се дружат, без да почувствуваат потреба да се држат на растојание едни од други и да се заштитуваат со маски, и токму тоа е е снимено викендов низ Израел – земја која вакцинираше повеќе од 60 проценти од граѓаните против коронавирус и успеа да се врати во животот што го живеевме сите до пред нешто повеќе од една година.
Патем, Израел досега вакцинираше околу пет милиони, од вкупно девет милиони жители. Тој исто така успеа да го намали бројот на дневни инфекции од 10 000 на само 200.