Првата група од 13 израелски заложници што денеска ги ослободи Хамас сега е во рацете на израелската безбедносна служба Шин Бет, откако влегле во Египет преку преминот Рафах, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван израелски функционер.

Би-би-си претходно објави, повикувајќи се на извори во Каиро, дека претставници на египетските власти ги превзеле израелските заложници од персоналот на Црвениот крст и Црвената полумесечина на преминот Рафах.

Покрај тоа, сите 12 тајландски заложници кои претходно ги ослободи Хамас пристигнаа во Израел и се на пат кон болницата Асаф Харофех, пишува Хаарец.

By Author