Во Велика Британија изгоре суперјахта вредна седум милиони евра, а потоа потона во огромен пожар. Јахта долга 26 метри била закотвена во англискиот град Девон.

Пожарот избувнал во саботата, а очевидци велат дека прво слушнале тресок, а потоа виделе огромен облак од црн чад. Засега нема информации за повредени.

https://www.youtube.com/watch?v=iBEiHPS-lGY

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на несреќата, а полицијата ја евакуирала блиската плажа и патишта, пишува Гардијан.
Агенцијата за животна средина (ЕА) соопшти дека се верува дека на јахтата имало околу девет тони бензин.

Полицијата соопшти дека оние што живеат во близина треба да ги држат вратите и прозорците затворени „поради количината на чад и испарување“. Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.

ЕА додава дека бидејќи бродот сега потонал, фокусот е префрлен на загадувањето.

By Author