Вечерва е избрано новото раководство на СДСМ. Лидерот на партијата Димитар Ковачевски воедно ќе биде и мандатар на новата Влада.
“За мене е огромна чест и одговорност што сум избран за нов мандатар и предизвик кој сум спремен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата”кажа Ковачевски
СДСМ започнува ново поглавје, имаме нов тим, сила и енергија-кажа новиот лидер на партијата
“Со големо задоволство информирам дека денес го избравме новото раководство на СДСМ, нови членови на Централниот одбор и нов Извршен одбор на партијата.
При изборот на нови членови на Извршниот одбор и за нови потпретседатели, се раководев од тоа во тимот да имаме искусни луѓе препознатливи по својот ангажман во СДСМ, но и млади луѓе кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности”, рече на вечерашната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски”
Kако што рече Кавачевски во следниот период сите заедно ќе работат за да се обедини членството, да се зајакне партиската организација и да се вратат на победничките патеки.
“Нови потпретседатели на партијата од денес се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ. Им честитам на сите и верувам во вашата чесна, посветена и одговорна работа во интерес на граѓаните и СДСМ.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгресот”, рече Ковачевски.
Тој рече дека во ИО на СДСМ од денес се :
1. Ана Данева Маркова, угледна докторка од Клиниката за гинекологија.
2. Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, се уште актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти.
3. Нина Фити Неделковска, докажан економски екперт со долгогодишно искуство во банкарството, домашно и меѓународно,
4. Снежана Захариева, доктор-специјалист по анестезиологија, дикреторка на Болницата во Куманово, своевремено беше и претседателката на Општинскаа организација, советничка во Советот.
5. Даниела Колева актуелна пратеничка во Собранието, професорка по математика и долгогодишна членка на СДСМ.
6. Милена Стефановиќ, доктор – инфектолог, директорка на Инфективна клиника во најтешката година за нашето здравство.
7. Костадин Костадинов, млад и успешен, од почетоците негови во СДММ па се до денеска, пратеник, член на извршен а од скоро и градоначалник на Струмица.
8. Рената Јајоска, досегашна членка на ИО, поранешна членката на Извршниот одбор на СДММ, советничка, потпретседателка на Младите европски социјалисти.
9. Мелиса Ценовска Серафимовска, дипломиран економист, со искуство во банкарскиот сектор и јавните финансии.
10. Петре Шилегов, поранешен градоначалник на главниот град, пратеник, портпарол и носител на високи партиски функции во СДСМ.
11. Дритан Исмаили, магистар по јавно здравје, Советник во кабинетот на министерот за здравство, од Гостивар.
12. Тања Томиќ, една од водечките македонски експерти за јавни политики, поранешна пратеничка од СДСМ и генерална секретарка на СДММ.
13. Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, досегашен член на ИО, поранешен претседател на СДММ.
14. Андреј Петров – поранешен генерален секретар на СДСМ, поранешен градоначалник на општина Карпош и претседател на ЗЕЛС, по професија дерматолог, доцент и вонреден професор.
15. Ивона Кузмановиќ, млада но искусна наша сопартијка од Прилеп, советничка во Советот на општината.
16. Костадин Ацевски, Дипломиран инженер по електротехника, претседател на општинската организација Ѓорче Петров и поранешен пратеник.
17. Никола Рилак, младо докажано име во СДСМ, поранешен потпретседател на СДММ, член на Комисијата за спорт и член на актуелниот состав на СДСМ”, рече Ковачевски и им честита на сите избрани.
Тој им се заблагодари на досегашните генерален секретар, организационен секретар, на сите членови на Извршниот одбор и потпретседатели.
“Сите нив и натаму ги сметам за дел од нашиот тим со кој имаме обврска да реализираме многу одговорни задачи.
Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата Влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец, до 18 јануари”, рече Ковачевски.
“Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата но ефикасна реалзаиција на програмата и капиталните инвестиции. Насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот раст и покачувањето на платите. Трудот на работникот мора да се цени и вреднува.
Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува. Како што ќе се креираат мерките за интеревенција поврзани со енергетската криза, за заштита на здравјето и помош во услови на пандемија, така ќе се моделира и засилената финансиска поддршка”.
Ковачевски најави дека партијата ќе се реформира и реорганизира, а истакна и дека ќе се формира советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, со цел да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи Игор Ивановски.