Карактеризирани со златни детали и раскошни завршетоци, овие вили некогаш биле во сопственост на мафијаi, измамници, водачи на нарко картели и диктатори, до оној момент кога полицијата ќе им затропала на вратата

Иако на прв поглед ќе помислите дека се исплати да се биде криминалец, сепак кога ќе размслите подобро на овие луѓе тоа уживање им е со ограничен рок. Секој криминалец, кога ќе се најде пред лицето на правдата останува без покрив над главата и без никого.

Бројни криминалци кои оставиле траен белег во денешниот свет уживале во животот на неверојатен начин , возејќи ги најскапите автомобили, поседувајќи егзотични и забранети миленичиња, живеејќи во најлуксузните вили, опкружени со убави жени. Но, практично секој од нив во еден момент од животот останал без сето она што го стекна, без разлика колку бил моќен во зенитот на неговото криминално владеење.

Погледнете ги вилите кои загарантирано ќе ве остават без зборови.

Вилата на Чарлс Понзи во Масачусетс

Човекот кој ја усовршил лажната инвестициска шема што го носи неговото име, Чарлс Понзи, го купил овој убав дом во Лексингтон во 1920 година, само неколку месеци пред да биде уапсен и се соочи со обвинение од 86 точки. За време на купувањето, Понзи заработуваше околу 250.000 долари на ден благодарение на неговите измами, што е еквивалентно на 3,2 милиони долари од денешните пари.

Мексиканското скривалиште на Пабло Ескобар

Со богатство проценето на 24 милијарди фунти или 30 милијарди долари пред неговата смрт, озлогласениот наркобос Пабло Ескобар беше еден од најбогатите негативци во историјата. Неговата главна резиденција беше во Колумбија, но кралот на кокаинот исто така ја поседуваше оваа идилична скривница во Тулум, Мексико.

Одморалиште на Ал Капоне во Флорида

На врвот на својата моќ во 1928 година, гангстерот од Чикаго, Ал Капоне, купил спектакуларна вила на островот Палм во Саут Бич, Мајами. Полн со готовина што ја заработил, Капоне го прилагодил домот според карактеристиките што им прилегаат на мафијашкиот свет.

Куќа на Виктор Јанукович

Во 2007 година, поранешниот украински премиер Виктор Јанукович ја „приватизираше“ резиденцијата на Межихири, летна куќа во земјата. Зградата од времето на Советскиот Сојуз беше срушена и започна да се работи на петкатна камена и дрвена палата дизајнирана од финската фирма Хонка.

Јанукович, кој беше избран за претседател во 2010 година, фрли неверојатни суми пари за уредуање на внатрешноста, нарачувајќи позлатени и кристални лустери по цена од 81.000 фунти или 100.000 американски долари за врата, мермерни украси по цена од 430.000 американски долари и многу повеќе. Во текот на годината и по реновирањето, корумпираниот политичар потрошил 9,4 милиони долари.

Тој изградил и гаражен комплекс за неговата огромна колекција класични автомобили. Кармата на крајот се израмни со претседателот, кој беше соборен од украинската револуција во 2014 година кога избега од земјата. Осуден за велепредавство во 2019 година и осуден во отсуство, Јанукович во моментов се крие во Русија. Неговата напуштена дача, доказ за неговата екстравагантност, сега е музеј.

Вилата на Николае Чаушеску во Букурешт

Во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, додека Романија се „давеше“ во долгови, а граѓаните се соочуваа со рационализација на храната и екстремна сиромаштија, комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску живееше живот со раскошен луксуз. Палатал Примавери или Пролетната палата, неговиот дом во Букурешт, претставувала изложба на неговото огромно нелегално стекнато богатство.

Главната спална соба во раскошниот дом на диктаторот била опремена со мебел од Версај и обилно позлатена, заедно со непроценливото огледало и кристален лустер.

Живееќи опкружен со злато, најлуксузните позлатени работи ги зачувал за неверојатно скапата бања. Од славини до држачи за тоалетни ролни, уредите се изработени од цврсто злато. Власта на диктаторот заврши во 1989 година за време на романската револуција. Чаушеску и неговата сопруга беа осудени за геноцид и погубени со стрелање на Божиќ. Како сопственост на романската влада, палатата сега е музеј.

By Admin