Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири да остане во притвор.
Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зекири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Апелациониот суд на денешното рочиште го потврди првостепеното решение за притвор.
На јавната седница на Апелацискиот суд Зеќири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор.
“Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири”.
Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зекири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.
Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер.
Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага, а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.