Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, соопшти Централното метеоролошко биро на Тајван.
Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на источниот брег на Тајван, објави Ројтерс.
Во главниот град на Тајван, Тајпеј, зградите накратко беа занишани.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета