Метеоролошката служба на Соломонските Острови соопшти дека нема закана од цунами, но предупреди на невообичаени морски струи во крајбрежните област
Властите на Соломонските острови соопштија дека нема да има предупредување за цунами по двата земјотреси денеска, од кои посилниот на југозападниот брег беше со јачина од седум степени.
На луѓето им се препорачува да бидат внимателни бидејќи се очекуваат последователни потреси“, објави на социјалните мрежи вработен во метеоролошката служба.
Првиот земјотрес бил на длабочина од 15 километри, на околу 16 километри југозападно од областа Маланго, објави Геолошкиот институт на САД, пренесе Ројтерс.
Втор, послаб земјотрес со јачина од шест степени се случи 30 минути подоцна.
Имаше прекин на струја низ островот, а локалната телевизија објави на Фејсбук дека се прекинати и сите радио комуникации.