Колку е лесно да се каже нема договор, нема никакво потпишување за крај на војната кога не е во прашање твојата земја , кога не пати и гине твојот народ!!!

Војната во Украина можеше да заврши пролетта минатата година доколку Киев прифатеше неутрален статус, изјави Давид Арахамија, лидер на владејачката фракција Слуга на народот во парламентот, кој беше во преговарачкиот тим Киев 2022 година.

Според него, Русија за време на преговорите побарала од Украина да прифати неутрален статус.

– Тоа беше најважното нешто за нив: Тие беа подготвени да ја прекинат војната ако прифатиме неутралност, како што тоа порано го направи Финска. И ако се обврземе да не влеземе во НАТО. Тоа е главното – рекол Арахамија, пренесува украинскиот портал Страна.
На прашањето зошто Киев се откажал од завршување на конфликтот, Арахамија одговорил дека на таа одлука влијаел поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

– Во тоа време во Киев пристигна Борис Џонсон и рече: Нема да потпишеме ништо со Русите, едноставно да одиме во војна – рече Арахамија.

Порталот наведува дека медиумите претходно објавија дека Киев се откажал од потпишувањето на договорот минатата пролет по преговорите со Џонсон, а сега тоа практично го потврди и Арахами.
Да потсетиме дека руско-украинските преговори се водеа во Истанбул пролетта 2022 година, а Арахамија беше член на украинската делегација.

By Author