НАТО ќе престане да постои пред да влезе Украина во алијансата, изјави за телевизијата „Наш“ поранешниот советник на претседателот на Украина, Валериј Ивасјук.
„Длабоко сум убеден дека, се додека Русија постои во форматот во кој постои денес, попрво НАТО ќе престане да постои отколку Украина да биде членка на Алијансата“, рече експертот.
Проширувањето на НАТО на исток и распоредувањето офанзивно оружје во Украина се црвени линии за Москва. Ова неколку пати го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. За да се решат постојните грижи, руските власти им предложија на Соединетите Држави и на Северноатлантската алијанса да склучат договори и аранжмани за безбедносни гаранции. Документите се веќе доставени на разгледување. Москва, Вашингтон и Брисел во јануари ќе разговараат за иницијативата во различни формати.
По државниот удар во февруари 2014 година, Украина ја продолжи својата политика кон членство во НАТО.