На чохоколичарите никогаш не им е доста од рецепти за чоколадни деликатеси. И сега, можно е да се направат вкусни чоколадни десерти кои се здрави. Веганската торта која ви ја нуди е без шеќер, масло, глутен или млеко, а едно парче има само 100 калории.
Се што ви е потребно е:
1 1/2 чаши брашно без глутен
1 чаша кокосов шеќер
¼ чаши путер од какао
1 лажичка сода бикарбона
½ лажичка сол
1 лажичка јаболков оцет
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици незасладено пире од јаболка
1 чаша вода
За крем:
½ чаши стопено кокосово масло
3 лажици јаворов сируп, сируп од агава или мед
½ чаши какао во прав
1 чаша сос од јаболка (исечени и пире од јаболка)
1 лажица густина (по избор)
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете плех од 20 см со хартија за печење.
2. Во голем сад, истурете брашно, засладувач, какао, сода бикарбона, сол и промешајте.
3. Додадете екстракт од ванила, јаболков оцет и незасладеното пире од јаболко и добро измешајте.
4. Истурете вода смесата и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
5. Истурете во плех и печете 25 до 30 минути.
6. Оставете да се олади, па премачкајте со крем.
Подготовка на чоколаден вегански крем:
1. Измешајте кокосово масло, засладувач и какао во прав. Мешајте додека не добиете сјајна, течна смеса од чоколадо.
2. Додадете го сосот од јаболка и повторно измешајте добро.
3. Оставете во фрижидер најмалку 20 минути, за да се стегне малку. Ако мислите дека кремот е сè уште тенок, додадете лажица густин.
4. Премачкајте ја тортата и… уживајте!