Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај
екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.
Од 28.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)