Од самиот почеток на врската тие се контроверзни до таа мера што каде и да се појават не можат да останат незабележани. Така и овој пат Меган Фокс и Машин Ган Кели беа на мета на папараците.
Фотографите сега ги снимија во Милано, каде актерката суптилно го покажа скапиот веренички прстен со дијамант и смарагд. Сепак, не само прстенот беше на преден план, туку и предизвикувачкиот аутфит на Меган.
Додека Machine Gan Kelly беше во намалена комбинација, добро, не толку намалена затоа што розовиот пуфкаст џемпер ги привлече сите погледи, Меган ја покажа својата витка фигура во црн мрежест фустан.
Популарната актерка за првото појавување во јавноста со својот вереник облече црн мрежест фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело и на вистински начин ги истакна колкот, половината и градите. Над фустанот носеше црн кожен капут, кој стана едно од омилените модни парчиња на речиси сите дами во Холивуд, а имаше постава со леопард принт.
Таа носеше сандали со врвки додека на вратот носеше дискретен златен накит. Актерката ја извитка косата и шминка во розови тонови.
Какви и да следат приказни, овој пар на фотографиите изгледа среќно и многу заљубено.