Во возилата се вградуваат одобрени сигурносни стакла кои може дополнително да се  затемнат  до  тој  степен  што  пропустливоста  на  светлина  на  стаклото  заедно  со налепената фолија на него, да биде најмалку:

– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).

Ова не се однесува за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

Оттука на ветробранското стакло дозволено е затемнување до 25%, додека кај стаклата кај возачот и совозачот дозволено е затемнување до 30%.  За задните стакла нема ограничувања доколку возилото има два ретровизори.

Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии.

Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од  30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Во периодот од 27.12.2021 до 02.01.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 11 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштија од МВР.

By Author