САД намерно ги креваат тензиите околу Тајван и ја нарушуваат рамнотежата во тој регион, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
– Што е глобален конфликт? Дали овие не се провокативни активности што ги спроведуваат САД во регионот и во контекст на ситуацијата околу Тајван и пошироко? Ова е нарушување на стратешката рамнотежа на силите, нарушување на и онака нестабилната безбедност во регионот – изјави Захарова за ТАС С, одговарајќи на прашањето дали може да дојде до конфликт меѓу Кина и Тајван.
Таа додаде дека Америка тоа го прави со години, намерно.
– Состојбата намерно се нарушува. Зошто? Кога ја дефинирате американската политика, постои терминот „контролиран хаос“. На нивните постапки може да им се дадат многу објаснувања и етикети, но тоа е очигледно. Станува збор за зголемување на температурата. Гледаме дека САД ја ескалира ситуацијата – рече Захарова.
Според неа, ако сегашните тензии околу Тајван започнале со доаѓањето на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „со посета која беше прикажана како технички застој, денес практично гледаме дека тоа не е вистина“.
– Само во последниот месец американски официјални лица остварија голем број посети, во провокативни цели. Нема што да се зборува за изјавите на различни агенции на американската влада – додаде таа.