Москва ќе биде принудена да преземе одмазднички мерки по протерувањето на дипломатите од Македонија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Портпаролката на МНП Марија Захарова истакна дека ваквата одлука на Македонија е непријателски чекор и продолжување на курсот кон „брзо распаѓање на билатералните односи со Русија“.
„Ќе бидеме принудени да се одмаздиме“, рече таа.