Во текот на вчерашниот ден (30.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 474 возачи. Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.