Според достапните информации, следела опсежна безбедносна операција на шпанските воените и цивилните власти, во која учествувале и нуркачи, а траела повеќе од пет часа.
Шпанските власти заплениле 4,5 тони кокаин, со проценета вредност од 180 милиони евра, на товарен брод кој пловел од Бразил до Летонија во близина на Канарските Острови.
Бродот „Блум“ на грчката компанија бил пресретнат на 360 километри од пристаништето Санта Круз, пишува меѓународниот поморски печат, а пренесува грчки „Катимерини“.
Во базата на податоци за меѓународниот транспорт се наведува дека „Блум“ е единствениот брод на компанијата „Рентур чартеринг“ со седиште во Грција, наведува Катимерини.
„Блум“ исплови од пристаништето Сантос во Бразил на 20 декември. Неговата дестинација беше Рига во Латвија.
Шпанската полиција забележала дека овој брод, кој превезувал 200 тони кафе, е далеку под реалниот капацитет на бродот, за време на рацијата биле забележани некои кутии кои вообичаено се користат при шверц на кокаин.
Шпанската полиција соопшти дека во акцијата биле уапсени 15 членови на екипажот.
Шпанските царински агенти го заплениле товарниот брод и го однеле во Тенерифе.
Според достапните информации, следела опсежна безбедносна операција на воените и цивилните власти, во која учествувале и нуркачи, а траела повеќе од пет часа.
Вредноста на дрогата се проценува на 180.000.000 евра.
Информациите кои се официјално објавени засега не кажуваат што се случило со екипажот, но некои извештаи во Шпанија тврдат дека екипажот е уапсен, пишува грчкиот портал.