Полицијата во Суринам заплени 900 килограми кокаин и уапси Кубански граѓанин за време на операцијата спроведена на врвот на една од највисоките планини во оваа мала јужноамериканска земја, објави полицијата во четвртокот.

Кубанецот бил одговорен за следење на кокаинот до аеродромот на висорамнината Тафелберг во Централниот дел на природниот резерват, каде полицијата ја спроведе акцијата во средата.

Претседателот на Суринам, Чан Сантоки, рече дека акцијата следи по договорот со претседателот на Гвајана, Ирфан Али, за соработка во операциите со наркотици.

By Author