Канада ќе го зголеми своето воено присуство во Индо-Пацификот како дел од наскоро објавената сеопфатна стратегија за регионот, изјави денеска министерката за одбрана Анита Ананд.
– Нашата стратегија ќе ја постави Канада како лидер во промовирањето на мирот и безбедноста во регионот, рече Ананд на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, пренесе Ројтерс.
Како што додаде таа, Канада ќе го зголеми своето воено присуство и ќе ги подобри одбранбените и безбедносните односи со партнерите и сојузниците во регионот.