Цената на мерките за економска поддршка за време на пандемијата на коронавирусите го поттикна задолжувањето на владата на Велика Британија на највисоко ниво од крајот на Втората светска војна.
Државното задолжување достигна 303,1 милијарди фунти оваа година до март, соопшти Националниот завод за статистика.
Во споредба со претходната година, задолжувањето е поголемо за скоро 250 милијарди фунти.
Задолжувањето достигна 28 милијарди фунти само во март – рекорд за тој месец.
И покрај рекордните податоци, директорот на Институтот за фискални студии, изјави дека бројката за годишно задолжување е „малку подобра отколку што се очекуваше пред еден месец“, пренесува BBC.