Полицијата не соопшти колку луѓе загинале во несреќата, иако авион од овој тип може да превезува најмногу шест лица
Мал авион се урна во американската сојузна држава Њу Хемпшир, при што загинаа сите патници, соопштија локалните власти.
Едномоторниот авион „Бичкрафт Сиера“ се урна во зграда северно од локалниот аеродром во Кин, непосредно пред 19 часот по локално време во петокот вечерта, соопшти американската Федерална управа за авијација во е-пошта до Њујорк пост.
Градски власти соопштија дека немало никој во зградата, но сите патници во авионот загинале.
Локалните жители изјавија за WCVB дека авионот удрил во засолниште веднаш до зградата, предизвикувајќи пожар.