Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте, потпиша нацрт-закон со кој се забранува TikTok, што ја прави американската држава прва во САД што ја забрани популарната кинеска апликација.
Монтана донесе закон за забрана на TikTok во средината на април. Законот беше прифатен со 54 гласа, 43 беа против, а законот сега е потпишан од републиканскиот гувернер на државата, која има нешто повеќе од милион жители, пренесува Ројтерс.
Гувернерот нагласи дека нацрт-законот ќе го унапреди „заедничкиот приоритет за заштита на Монтана од надзорот на кинеската комунистичка партија“.
Според законот, кој ќе стапи на сила на почетокот на 2024 година, забрането е работењето на апликацијата TikTok во границите на Монтана.
Законот наведува можни казни од 10.000 долари дневно за прекршителите, вклучувајќи ги и продавачите на апликации, и тие не се наменети за корисниците.
TikTok, кој има повеќе од 150 милиони корисници во САД, се соочува со зголемени повици од американски официјални лица да ја забранат апликацијата низ целата земја поради загриженоста за можното влијание на кинеската влада врз платформата.
Byte Dance со седиште во Пекинг, кој ја поседува апликацијата, негираше дека некогаш споделувал податоци со кинеската влада и рече дека нема да го стори тоа доколку добие такво барање.