Полицијата соопшти дека станува збор за напад на друго лице и го истражува случајот.
Дали навистина се забавни сите оние предизвици што се снимат и објавуваат по друштвените мрежи. Кој е виновен за последиците од тие видеа дали само онија што го снимат видеото, или сносат вина и тиа што го гледаат, а и мрежите што го објавуват.
Жена од Калифорнија со епилепсија се онесвестила и завршила во болница откако група момчиња и ставиле корпа на главата како дел од предизвикот TikTok.
Лана Клеј-Монаган била во продавница во Тастин и купувала работи за своите близнаци кога тинејџерите и ставиле канта на главата и ја снимиле нејзината реакција пред да побегнат од продавницата.
Мајката, која има епилепсија и преживеала рак, била запрепастена и вели дека се онесвестила на подот од продавницата поради недостаток на воздух во кантата, пишува Индипендент.
„Барав сапун за бебиња, се наведнав и целиот мој свет се смени. Сè стивна, беше темно и навистина немаше воздух. Го тргнав она што беше ставено над мене, околу мојот врат и се свртев и погледнав преку левото рамо. .
На мое разочарување, група поединци ме снимаа, очигледно поради некаква шега или нешто како ТикТок“, рече таа.
Итно била пренесена во болница, а вели дека поради целата ситуација се плаши кога е во јавност.
“Постојано гледам преку моето рамо, нервозна сум. Не можам да верувам дека некој би можел да помисли дека ова е забавно или смешно”, рекла Лана.
Полицијата во Тастин, која го прегледува видео надзорот од продавницата за да ги идентификува четворицата млади, верува дека тоа е нешто што се нарекува „странец предизвик“, кој е во тренд на платформите на социјалните медиуми како TikTok.
„Тоа е напад на друго лице и на тој начин ќе го истражиме“, соопшти полицијата.
Виреалните предизвици, кои често се појавуваат на TikTok и на другите платформи за социјални медиуми кои имаат споделување видео, ги одведоа луѓето – вклучително и учесниците – во болница повеќе од еднаш.