Аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, во моментов е затворен поради еруптивна активност на вулканот Етна, соопшти утрово компанијата која управува со аеродромот.

Како што е наведено, „секторите на воздушниот простор Ц1 и Б3“ ќе останат затворени до 13 часот, а откажани се сите пристигнувања и полетувања, пренесува Анса.

By Author