Италијанскиот вулкан Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, еруптираше на спектакуларен начин во четвртокот вечерта, осветлувајќи го ноќното небо со светло-црвена стопена лава.

Ерупцијата, со центар на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, напластила пепел и облаци од чад на надморска височина од 8.000 метри, објави италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.

Се уште нема извештаи за повредени, јавува Ројтерс.

Инаку, овој вулкан висок 3.330 метри може да еруптира и до неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија.

Најголемата ерупција на овој вулкан се случила во 1992 година.

By Author