Исландската влада соопшти дека ризикот за населението е низок
Во текот на изминатата недела во регионот беа регистрирани и до илјада земјотреси, од кои некои беа со јачина над 5,0 степени.
Вулкан на полуостровот Рејкјанес во Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, доживеа мала ерупција по неодамнешните интензивни земјотреси во областа, соопшти денеска Исландскиот Национален метеоролошки институт (ИМО).
Исландската влада соопшти дека ризикот за населението е мал и дека нема пречки во воздушниот сообраќај.
Експертите не очекуваат оваа ерупција да испушти многу пепел во атмосферата.
„Ова не е вулканска ерупција со пепел. Ова е едноставно лава“, рече Робертс. Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик.