Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Израел за „злосторства против човештвото“ во Појасот Газа, со поддршка на Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Ердоган по владината седница изјави дека Израел мора да биде запрен, пренесува Ал Џезира.
„Работиме на тоа сторителите на воените злосторства во Газа да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Ердоган.
Турскиот претседател повика на прекин на огнот „за да се спречи масакр“ и да се започне „на патот кон траен мир“.
Тој рече дека Израел извршил злосторства против човештвото во изминатите 25 дена, со поддршка на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, истакнувајќи дека Турција води разговори за да се осигура дека сторителите на воените злосторства во Газа ќе бидат изведени пред лицето на правдата, пренесува Дејли Сабах.