Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Западот дека ги „влоши работите“ меѓу Москва и Киев.

„За жал, Западњаците досега не пружиле никаква помош за решавање на конфликтот. Тие само ги влошија работите“, рече турскиот претседател по враќањето од Киев.

Ердоган оцени дека американскиот претседател Џозеф Бајден „досега не може да покаже позитивен пристап во овој процес“.

Според Ердоган, само поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „навистина би можела да има решение“.

„Освен неа, засега нема други лидери. Нема потреба да се именуваат други“, додаде Ердоган.

На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, турскиот претседател ја повтори својата понуда да посредува во украинската криза и да биде домаќин на билатералните разговори меѓу Москва и Киев во Турција.

By Author