Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска до парламентот на ратификација го доставил предлог-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Турското претседателство не соопшти други детали, објави Ројтерс. Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека Ердоган го потпишал протоколот за прием на Шведска во НАТО и го проследил до парламентот на усвојување, јави Анадолија.
Шведска, заедно со Финска, поднесе барање за членство во НАТО минатата година по рускиот напад врз Украина.
Финска доби зелено светло во април годинава, додека приемот на Шведска беше одложен од Турција и Унгарија. Будимпешта претходно соопшти дека ќе го одобри шведското членство откако Турција ќе го одобри тоа.