Постои можна врска помеѓу вакцината на „Астра зенека“ и реткото формирање тромби односно згрутчување на крвта, но здравствените придобивки од оваа вакцина го надминуваат ризикот од можни последици сметаат од Европската комисија за лекови. Од таму сметаат дека формирањето на ретки згрутчувања на крвта по вакцинацијата треба да се наведат како можен несакан ефект на оваа вакцина.

Вакцината “Астра Зенека” се покажа како многу ефикасна во борбата со Ковид-19 тие ги советуваат сите кои веќе ја примиле вакцината да побараат стручна помош доколку забележат симптоми, како што се отежнато дишење, болка во градите, оток на нозете, постојана болка во стомакот, силни и постојани главоболки или заматен вид, како и мали дамки крв под кожата надвор од местото на инјектирање.

Во меѓувреме Јужна Кореја одлучи да ја прекине програмата за имунизација од Ковид-19 со вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години поради загриженост за згрутчување на крвта со што се запре процесот на вакцинација на 70.000 луѓе кои требаше да започне утре.

By Author