Во експлозија на гас во станбена зграда на рускиот остров Сахалин, загинаа седум лица, меѓу кои три деца, девет лица се повредени, а потрагата по уште три лица е во тек, изјави денеска гувернерот Валери Лимаренко.
Претходно, Министерството за вонредни ситуации соопшти дека дошло до експлозија на гас во петкатна станбена зграда на Сахалин, пренесува РИА Новости.
Локалните власти соопштија дека, според првичните информации, причина за експлозијата е несоодветно складирање и ракување со боци со гас за домаќинствата.