ДЕСЕТ лица се повредени кога утрово одекна експлозија во близина на хемиската фабрика Меламин во Кочевје, Словенија.

Словенечката полиција во 8.35 часот добила дојава за експлозија и пожар во кругот на фабриката Меламин.

Засега не се знае што гори, па полицијата ги повика мештаните да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото на настанот.

– Ги советуваме сите жители во околината да ги затворат прозорците и да не се движат на отворено за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на настанот – изјавија од полицијата.

Се сомнева дека експлодирал котелот во производство.

Порталот 24ур јавува дека зградите во близина на фабриката силно се треселе во моментот на експлозијата. Граѓаните пријавиле дека гипсот паѓа од таванот. Областа ја надлетува хеликоптер.

By Author