Во истанбулскиот кварт Фатих вечерва се случи експлозија, откако се запали автомобил, која предизвика паника кај населението, полицијата покренала истрага.
Пламенот кој избувнал на автомобилот се проширил и на четири паркирани возила.
Според Хабертурк, возачот на автомобилот забележал како се крева чад од неговото возило додека возел по улицата, а потоа застанал на страната на патот и побарал помош.
Покрај автомобилот, пожарот оштетил и зграда и банкомат во близина.
Некои локални медиуми претходно објавија дека вечерва „дошло до нова експлозија“ во Истанбул, два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети.