Излевањето на нафта кај перуанскиот брег предизвика „еколошка катастрофа“, соопштија властите, пренесува Би-би-си.
Повеќе од 6.000 барели нафта истекоа од рафинеријата Ла Пампила откако танкерот беше погоден од бранови поврзани со ерупција на вулкан во Тонга.
Владата запечати три плажи оштетени од излевањето нафта и соопшти дека открила десетици мртви животни покриени со нафта, пренесува Би-Би-Си.
Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа Репсол да плати компензација.
„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи во околината на Лима во последно време и која сериозно оштети стотици рибарски семејства. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, се вели во соопштението на Министерството на Твитер.
Премиерката Мирта Васкез им рече на новинарите дека компанијата „очигледно“ нема итен план за справување со големото истекување нафта.
Обвинителите велат дека отвориле истрага за улогата на Репсол во инцидентот, поради предупредувањето од Министерството за животна средина дека шпанскиот енергетски гигант може да се соочи со казни во вкупна вредност од 34,5 милиони долари.
Официјални лица во Перу велат дека излевањето на нафта оштетило 18.000 квадратни километри заштитени подрачја со ретки растенија и животни. Се чистат околу три километри плажи предводени од владата.