Шерон една и единствена таа е универзум за себе, за неа годините се само бројка ги остави зад себе многу помладите колешки.
Во неделата вечерта на модната недела во Милано се одржа доделувањето на наградите „Аурора“, а на црвениот тепих прошетаа многу познати дами, предводени од Рита Ора, Кајли Миног и Шерон Стоун.
И додека Рита блескаше во необичен, бел комбинезон од брендот Stéphane Rolland, 63-годишната Шерон ја украде славата. Холивудската актерка изгледаше неверојатно елегантно и префинето во едноставен, црн фустан, кој го надополни со огрлица со смарагди и дијаманти.