Кралицата цврсто се држела до протоколот меѓутоа- тогаш направила нешто неочекувано.

Во 1997 година, на погребот на принцезата Дијана, кралицата Елизабета го прекрши кралскиот протокол – кога ковчегот помина покрај неа, таа ја наведна главата и се поклони.

Тоа беше прв и единствен пат кралицата јавно да се поклони на друга личност, пишуваат медиумите и додаваат дека со овој чин и оддала почит не само на Дијана, туку и на својот народ.

Кралицата Елизабета излезе од вратите на палатата, чекаше и гледаше како ковчегот на Дијана обвиен со знаме го носат во Вестминстерската опатија.

Коментатор на БиБиСи истакна дека овој потег е „уште едно отстапување од кој било познат протокол“.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал.

By Author