Страшна песочна бура го зафати Дубаи, а песокот го покри речиси целиот град.
Силна песочна бура го погоди Дубаи, ОАЕ, во недела на 14 август, а службите за итни случаи предупредуваат на потенцијална опасност.
Во предупредувањето на Националната управа за вонредни состојби и катастрофи (NCEMA) во Дубаи, ОАЕ, за песочната бура гласи:
– Сите локални и национални тимови се максимално подготвени да обезбедат ефикасен и правилен одговор на сите ризици кои можат да произлезат како последица на ситуацијата.-
– Силна песочна бура ги зафати ОАЕ. Областите на Абу Даби и Дубаи се покриени со дебел слој прашина откако метеоролозите предупредија на песочна бура во Северните Емирати – пишува Arab News.
Возилата се движат со слаба видливост по улиците на заливскиот емират Дубаи, бидејќи големи делови од Обединетите Арапски Емирати се погодени од прашина и песочни бури, поради што властите повикаа на претпазливост на патиштата.