Европската команда на вооружените сили на САД вечерва соопшти дека американски воен авион се урнал над источниот дел на Средоземното Море.

Авионот се урнал за време на тренинг операции, се вели во соопштението за печатот, пренесува АП.

Се додава дека истрагата за падот на авионот е во тек, но дека нема индиции дека се работи за некаква непријателска активност.

Од командата изјавија дека, од почит кон семејствата погодени од овој инцидент, нема да бидат објавени никакви информации за оние кои биле во авионот.

By Author