Официјални лица велат дека 10-та авенија е затворена до понатамошно известување од безбедносни причини, откако врз неа се урна дел од кран.

Голем кран на висококатница се запали и делумно се урна во средата наутро во њујоршкиот кварт Мидтаун.

Кранот се наоѓа на зграда во изградба на 10-та авенија и западната 41-ва улица.

Надлежните велат дека 10-та авенија е затворена до понатамошно известување од безбедносни причини, бидејќи врз неа паднал дел од кран, пренесува Мирор.

Официјални лица изјавија дека околните згради се евакуирани поради страв од дополнително уривање.

Пожарникарите од друга зграда над кранот се обидуваат да го изгаснат пожарот.

By Author