По разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон, Франција предупреди дека по одбивањето на Киев да ги прифати условите на Москва, „најлошото допрва доаѓа“. Путин, исто така, му рекол на Макрон дека целта на Русија е да преземе „целосна контрола“ над Украина преку дипломатски или воени средства, соопшти Елисејската палата.
Макрон му рекол на Путин дека „се лаже себеси“ и дека неговата земја ќе остане „изолирана, ослабена и под долгорочни санкции“, пренесува „Гардијан“.
„За жал, овој разговор беше можност да се слушне дека претседателот Путин ќе ја продолжи воената интервенција и дека ќе оди до крај. „Повикот го натера Макрон да се врати на несогласувањата што ги имаме со Русија, да се залага за дипломатска алтернатива на воените операции, да му ја каже вистината на Путин за начинот на кој тој гледа на неговата војна во Украина, но и за последиците за Русија на долг рок. “, кажал неименуван извор, пренесува CNN.
Како што претходно соопштија од Кремљ, Путин на претседателот на Франција му рекол дека целите на воената операција во секој случај ќе бидат исполнети.
Путин не се согласи со зборовите на претседателот на Франција, кој истакна дека Русија со „лаги“ во Украина се бори против нацизмот. Според Кремљ, Путин дал објаснувања за улогата на неонацистите во земјата.
Рускиот претседател уште еднаш посочи дека неговата земја сака демилитаризација и неутрална позиција на Украина, така што секоја закана за Русија би била елиминирана.
Во меѓувреме, продолжија преговорите меѓу украинската и руската страна. Украинската страна има три барања на кои ќе инсистира при денешните преговори со руската делегација. Како што истакна членот на преговарачкиот тим на Украина, Михаил Подољак, неопходен е итен прекин на огнот, прекин на огнот и формирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите кои постојано се гранатираат.