Пејачката Драгана Мирковиќ синоќа накратко беше хоспитализирана, за време на новогодишната ноќ на Златибор.
Имено, пејачката отишла на инхалација меѓу двата блока, а за тоа време свирел Дејан Петровиќ со трубачите.
„Почувствуваше дека има мал проблем со грлото и за да истурка сè како што треба, отиде во болница на инхалација, а прими и инфузија. Како што велат пеачите, наеднаш и се „затворило грлото“, вели човек од тимот на Драгана.
“Дејан реагираше веднаш бидејќи е од Ужице и познава луѓе, а Драгана потоа се вратила и регуларно го завршила вториот блок” наведува извор за Телеграф
Дека се е во ред докажува и фактот што Драгана вечерва, 1 јануари, ќе пее на плоштадот во Чуприја за репризата на дочекот.